вторник, 5 мај 2026

Џонсон за иднината на светот: Минута до полноќ е на часовникот на судниот ден (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

КОП26 во Глазгов, Шкотска започна еден ден откако Г20 на најголемите економии не успеа да се заложи за целта за јаглеродна неутралност до 2050 година, рок кој беше наведен како неопходен за да се спречи најекстремното глобално затоплување.

Наместо тоа, нивните разговори во Рим само ја препознаа „клучната важност“ за запирање на нето емисиите на штетните гасови „до или околу средината на векот“, но не поставија временска рамка за постепено отфрлање на јагленот од домовите и ги разблажија ветувањата за намалување на емисиите на метан, стакленички гас далеку посилен од јаглеродниот диоксид.

Декларирана посветеност кон постепено укинување на субвенциите за фосилни горива „во среден рок“ е формулација што ја користеше Г20 на самитот во Питсбург во 2009 година.

„Човештвото веќе долго доцни кога се во прашање климатските промени. Минута до полноќ е на часовникот на судниот ден и треба да дејствуваме одма“, рече британскиот премиер Борис Џонсон на отворањето на конференцијата.

„Ако денес не ги сфатиме сериозно климатските промени, утре ќе биде предоцна за нашите деца“.

Додека Џонсон зборуваше, шведската климатска активистка Грета Тунберг ја ретвитна поканата до милиони нејзини поддржувачи да потпишат отворено писмо во кое лидерите се обвинуваат за предавство.

„Ова не е вежба. Ова е црвена ознака за Земјата“, се вели во писмото. „Милиони ќе страдаат додека нашата планета се уништува – застрашувачка иднина која ќе се создаде или ќе се избегне со одлуките што ќе ги донесете. Вие имате моќ да одлучувате“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ