среда, 6 мај 2026

Девет загинати во пожар во старечки дом во Бугарија

Објавено на

часот

Сподели

 
 
Девет стари лица загинаа кога пожар зафати старечки дом во источна Бугарија во понеделникот, соопштија официјални лица.
 
 Пожарот избувнал околу 18 часот во стара училишна зграда претворена во дом за стари лица во селото Ројак, изјави началникот на противпожарната служба Тихомир Тотев за јавната телевизија БНТ.
 
 „За жал, девет лица ги загубија животите од 58-те кои беа во домот во моментот на пожарот“, рече тој.
 
Останатите жители беа евакуирани од зградата, а на некои од нив им беше потребна медицинска помош бидејќи вдишале чад, додаде службеникот.
 
 Директорката на домот за згрижување Милена Мазурик го потврди бројот на жртвите за приватниот канал БТВ, додавајќи дека ова е „конечниот број на жртви“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ