среда, 22 април 2026

Црногорската влада ги ограничува цените на лебот, дели социјални бонови и масло

Објавено на

часот

Сподели

Денес владата, по предлог на Министерството за економски развој, треба да ги ограничи максималните малопродажни цени на белиот пченичен леб.

Максималната малопродажна цена на белиот пченичен леб од 500 до 600 грама, според тој предлог, ќе биде 50 центи. За лебот од 300 грама до 400 грама максималната цена ќе биде 40 центи.

Според најавите, 70.000 литри масло ќе бидат поделени меѓу 25.000 корисници.

Во црногорските продавници цените на лебот, брашното, маслото, шеќерот, месото, јајцата, млекото се зголемија минатата година, а тоа, според аналитичарите, е последица на растечката светска побарувачка и намаленото производство на сончоглед, житарки и соја, предизвикано од пандемијата на коронавирусот.

„Освен програмата за социјални бонови, која претходно ја објави Министерството за финансии и социјална заштита, ова е уште една социјална мерка што решивме соодветно да ја спроведеме со цел да ја одржиме стабилноста на моќта на потрошувачите“, рекоа од ресорот, најавувајќи и мерки за „смирување“ на пазарот.

Социјалниот бон е наменет за граѓаните во состојба на социјална потреба, кои во маркет што ќе биде избран со јавен повик ќе можат да купат стока во вредност од 30, 50 и 100 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ