петок, 24 април 2026

Бродот Евер гивен помина низ Суецкиот канал (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Бродот поголем од Титаник и подолг од Емпајер Стејт Билдинг го напушти англиското пристаниште Феликсстоу на 5 август, и пристигна доцна вечерта во четвртокот пред Суецкиот канал, низ кој, според страницата Марин трафик, помина во вечерните часови.

Џејмс Бејкер, директор на логистичката компанија Лојдс лист, за Инсајдер вели дека бродот се движи кон Сингапур, каде што го чека ремонт.

Евер гивен стана интернет феномен во април, откако сликите од тој брод заглавен во Суецкиот канал го обиколија светот и станаа вирални.

Персоналот на реморкерот што го влечел бродот рече дека големата врева околу бродот на интернет ги натерала да бидат повнимателни.

Египетските власти го запленија Евер гивен во април и побараа отштета од 900 милиони долари од сопствениците на бродот. Двете страни конечно постигнаа договор, но сумата не е објавена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ