среда, 6 мај 2026

Британците и Американците тврдат дека имаат лек кој делува против омикрон

Објавено на

часот

Сподели

Резултатите од студијата, кои допрва треба да поминат рецензија и да бидат објавени во рецензираното медицинско списание, сугерираат дека третманот со сотровимаб е ефикасен против сите 37 мутации на протеинскиот шилец досега идентификувани, се вели во изјавата на Глаксо Смит Клајн.

Уште едни претклинички резултати од истражување спроведено минатата недела покажаа дека лекот делува против клучните мутации во варијантата омикрон.

Сотровимаб е дизајниран така што се врзува за протеинскиот шилец на површината на коронавирусот, но беше откриено дека омикрон има невообичаено голем број мутации во тој протеин.

Коронавирусот предизвикува инфекција со помош на протеин на својата површина или шилецот на протеинот со помош на кој се врзува за клетките на телото и влегува во нив и предизвикува болест. Затоа, повеќето вакцини се развиваат така што го таргетираат шилецот на протеинот, со што вакцината во организмот предизвикува производство на антитела и Т-клетки кои се насочени против шилецот и го спречуваат продорот на коронавирусот во клетките на домаќинот.

„Овие претклинички резултати од студијата сугерираат дека нашето моноклонално антитело може да биде ефикасно против најновата варијанта, омикрон, но и против сите други варијанти досега дефинирани од СЗО“, рече главниот научен директор на ГСК, Хал Барон.

Глаксо Смит Клајн и Вир создадоа таканаречени псевдовируси кои содржат значајни мутации на коронавирусот во сите сомнителни варијанти што се појавија досега, и спроведоа лабораториски тестови за нивниот одговор на третманот со сотровимаб.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ