недела, 3 мај 2026

Бразилски сенатор: Болсонаро треба да биде обвинет за убиство

Објавено на

часот

Сподели

Во извештајот се вели дека Болсонаро е одговорен за владините грешки направени за време на пандемијата на ковид-19, бидејќи ја отфрли можноста за рана набавка на вакцини за Бразилците, па кампањата за вакцинација задоцнила, поради што починале 95.000 луѓе повеќе отколку што би било случај ако се реагирало на време.

„Болсонаро се водеше од неосновано верување во теоријата за имунитет на стадо преку природна зараза. Без употреба на вакцини, бројот на смртни случаи би се зголемил до стратосферата, како што и се случи“, се вели меѓу другото во извештајот.

Покрај самиот Болсонаро, во извештајот се наведува дека треба да се поднесат обвиненија и против неговите тројца синови, сенаторот Флавиј, федералниот претставник Едуардо и градскиот советник Карлос, за ширење дезинформации кои поттикнувале непочитување на санитарните мерки за борба против пандемијата.

Болсонаро ги отфрли сите обвиненија, сметајќи дека извештајот е политички мотивиран, и речиси е сигурно дека обвинението против него нема ни да биде поднесено бидејќи главниот обвинител, единствениот што може да го подигне, е лицето кое на таа позиција е назначено токму од Болсонаро.

Во Бразил, повеќе од 600.000 лица починале од коронавирус, втор најголем број починати во светот, веднаш по Соединетите Држави.

Здравствените експерти во Бразил честопати јавно го критикуваа Болсонаро што се противи на воведувањето мерки за борба против заразата, одбивајќи да носи заштитна маска и јавно изјаснувајќи се против вакцинацијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ