петок, 24 април 2026

Борел: Морална должност на ЕУ е да спаси што повеќе Авганистанци

Објавено на

часот

Сподели

Борел во обраќањето до Европскиот парламент изјави дека првата група од 106 припадници на персоналот на ЕУ е префрлена од Авганистан во Шпанија, пренесува Ројтерс.

Истакна дека околу 400 Авганистанци кои работеле за ЕУ и членови на нивните семејства се евакуирани во Европа, но дека уште 300 се обидуваат да влезат во аеродромот во Кабул.

Борел истакна дека европскиот блок има „морална должност“ да спаси што повеќе Авганистанците кои претходно работеле во канцелариите на ЕУ, но дека нема да биде можно да се извлечат сите луѓе.

Претходно комесарот за економија на Европската Унија Паоло Џентилони изјави дека Европа мора да воспостави хуманитарни коридори за да ги прифати бегалците од Авганистан, но и да се избегне неконтролирана миграција.

Некои од земјите од ЕУ, како Грција, веќе објавија дека не можат да станат влезна точка кон ЕУ за Авганистанците кои бегаат од конфликтите во нивната земја.

Брзината со која Талибанците го заземаа Авганистан, додека американските и другите западни сили се повлекуваат по 20-годишната војна, доведе до хаотични сцени на аеродромот со дипломатите, странските државјани и Авганистанците кои се обидуваат да избегаат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ