четврток, 26 март 2026

Билборди во Белград и Нови Сад со пораката „Среќен роденден, претседателе Лукашенко“

Билборди со роденденска порака за белорускиот претседател Александар Лукашенко (71) се поставени во Белград и Нови Сад, објави Нова.рс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Среќен роденден, претседателе Лукашенко! Србија те сака! Иван Ивановиќ – Конзервативно движење Наши“, пишува на билбордите. Ова не е прв пат ова Конзервативно движење да спроведе таква акција. Во февруари минатата година, Белград беше покриен со постери на кои пишуваше „Србија е со Лукашенко“.

Од движењето „Наши“ наведуваат дека целта на билбордите е „да се нагласи важноста на традиционалните врски меѓу Србија и Белорусија, но и да се потсети дека во време на големи политички предизвици, Србија мора да застане покрај своите искрени сојузници“, објави Н1.

Лукашенко, кој често се опишува како „последниот европски диктатор“, владее со Белорусија повеќе од 30 години. Тој е првиот и досега единствен претседател на таа поранешна советска република од воведувањето на таа позиција во 1994 година, што го прави најдолгогодишен лидер во Европа.

Западните влади ги сметаат неговите изборни победи за лажни, а неговото владеење за автократско. Неговото владеење е обележано со прогон и затворање на политичките противници, додека независното новинарство и истражување се практично забранети. Режимот на Лукашенко е под санкции на Европската Унија, потсетува Н1.

Порано овој месец, тој изјави дека нема да се кандидира за уште еден, осми претседателски мандат. Потоа одречно одговори на прашањето дали го гледа својот син Николај на тоа место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ