недела, 3 мај 2026

Белата куќа прави план за вакцинирање деца на возраст од 5 до 11 години

Објавено на

часот

Сподели

Федералните регулатори ќе се состанат во следните две недели за да ги анализираат безбедноста и ефективноста на давањето мали дози од вакцината против ковид-19 на приближно 28 милиони американски деца во таа возрасна група, пренесува АП.

Во рок од неколку часа по формалното одобрување, кое се очекува откако Управата за храна и лекови (ФДУ) ќе донесе заклучок и по состанокот на советодавниот одбор на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) на 2-3 ноември, милиони дози ќе почнат да им се испорачуваат на доставувачите низ целата земја.

„Го комплетираме оперативното планирање за да се осигуриме дека вакцините за деца на возраст од 5 до 11 години се лесно достапни и не предизвикуваат проблеми. Ќе бидеме подготвени, до одлуката на ФДА и ЦДЦ“, изјави координаторот на Белата куќа за ковид-19, Џеф Заинтс.

Повеќе од 25.000 педијатри и даватели на примарна здравствена заштита веќе потпишаа договори за испорака на вакцините за деца, објави Белата куќа.

Покрај лекарските ординации и локалните аптеки, и училиштата најверојатно ќе бидат места каде што ќе се вршат имунизации.

Белата куќа подготвува и засилена кампања за едукација на родителите и децата за безбедноста на вакцината и леснотијата на нејзиното добивање.

Како што беше и со вакцинирањето за возрасни, администрацијата верува дека препораките од доверливи луѓе, едукатори, лекари и водачи на локалната заедница ќе бидат од витално значење за поттикнување на вакцинацијата.

Иако децата се со помала веројатност од постарите сериозно да се разболат од ковид-19, најмалку 637 луѓе на возраст од 18 години и помлади починале од коронавирусот во Соединетите Држави, според ЦДЦ.

Досега се заразија шест милиони американски деца, од кои еден милион од почетокот на септември, поради ширењето на позаразната делта-варијанта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ