Бајден е снимен како седи со скрстени раце и постепено тоне во сон додека се бори да ги држи очите отворени, пренесува лондонски „Мирор“.
На видеото, кое го сподели новинар на Вашингтон пост, се гледа како 78-годишниот Бајден дреме, по што му приоѓа помошник, кој го буди.
Бајден потоа ги отвора очите, ги спушта рацете, а потоа му аплаудира на говорникот што ја заврши својата презентација.
„Ух, ова не е баш најдоброто издание кога се обидувате да му кажете на светот да се разбуди“, напиша британскиот новинар Пирс Морган, кој го ретвитна видеото.
Видеото се појави и на твитер профилот на Скај њуз.
US President Joe Biden appears to doze off while waiting to give a speech at #COP26.
Read more here: https://t.co/CnFFIZpSxB pic.twitter.com/OlSlOXmvOi
— Sky News (@SkyNews) November 1, 2021
Дремна и Борис Џонсон
И британскиот премиер Борис Џонсон е фотографиран со затворени очи, додека седи меѓу генералниот секретар на Обединетите нации и ТВ-водителот и поборник за природата Дејвид Атенборо.

Извор од Даунинг стрит за Мирор рекол дека е „комплетна глупост“ да се помисли дека Џонсон заспал.
Несомнено, Џонсон деновиве е многу зафатен. Тој се чукаше со лакти со секој од стотиците светски лидери што присуствуваат на конференцијата во Глазгов, го отвори самитот и отседе голем број говори на монарси, премиери и претседатели.






