петок, 24 април 2026

Бајден под притисок, САД бараат повеќе време за евакуација од Авганистан

Објавено на

часот

Сподели

Според договорот со талибанците, САД мора да заминат од Авганистан до 31 август.

Но Франција, Британија и Германија размислуваат за продолжување на рокот пред денешниот самит. Американскиот претседател Џо Бајден ќе одлучи во следните 24 часа дали ќе го продолжи рокот за повлекување, изјави американски државен функционер за Ројтерс.

Од друга страна, талибанците за Би-би-си кажаа дека какво било продолжување би претставувало кршење на постигнатиот договор и предупредија на последици доколку американските сили останат.

Десетици илјади луѓе се евакуираат од главниот град на Авганистан Кабул, но другите кои се обидуваат да избегаат се или заглавени или не можат да стигнат до аеродромот кој е под контрола на Американците и нивните сојузници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ