петок, 24 април 2026

Бајден: Имаме договор со талибанците за американските државјани (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„До сега евакуиравме над 18 илјади луѓе. Нашиот командант во Кабул нареди летовите повторно да тргнат. Денес евакуиравме седум илјади луѓе. Секој Американец што сака да оди дома, може да оди дома. Но сите мора да бидат свесни дека тоа може да биде опасно. И дека не можеме да ветиме дека ќе успее“, кажа Бајден.

Тој истакна дека има договор со талибанците дека американските државјани може да минат до аеродромот во Кабул, и додаде дека американските власти се во постојан контакт со талибанците.

[video:https://youtu.be/4Fi0Ce-Sgx8 autoplay:0]

На милитантната група која сега го контролира Авганистан ѝ е кажано дека може да очекува силен одговор од американската војска ако дојде до напади.

„Разговарам со нашиот командант секој ден. Им кажав јасно дека ќе им дадеме сè што им треба, само да ја завршат работата по највисоки стандарди иако станува збор за тешки околности“.

Кажа и дека имаат обврска и мора да ги спасат сите кои им помагале низ годините.

„Не само Американците, иако тие ни се најважни, но ќе им помогнеме на сите“.

„Ги повикувам сите Американци да се молат заедно со нас за сите Американци кои се наоѓаат во Авганистан. Нашиот фокус е да ги спасиме сите наши луѓе“, кажа американскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ