недела, 26 април 2026

Амстердам го ограничува бројот на ноќевања поради масовниот туризам

Објавено на

часот

Сподели

Регулативата ќе го намали бројот на ноќевања за најмалку 10 проценти и е значително поблага отколки што бара иницијативата на околу 30.000 граѓани бројот на ноќевања да биде ограничен на максимум 12 милиони годишно.

Во 2019 година, градот со 800.000 жители забележа речиси 22 милиони ноќевања, а во 2020 година нивниот број нагло опадна поради ковид-19 пандемијата.

Според новата регулатива, градските власти ќе треба еднаш годишно да го објавуваат бројот на туристички ноќевања. Откако ќе го достигнат лимитот, ќе мора да интервенираат со мерки како што се зголемување на таксите за престој и ограничување на платформите за изнајмување сместување, како што е Ербиенби.

Мерките всушност не се ни новост, бидејќи Амстердам веќе драстично ги заостри регулативите за дигиталните платформи, го ограничи бројот на хотелски кревети и одреди лимити за турите за разгледување на центарот на градот.

Градските власти, исто така, ја разгледуваат можноста за преместување на познатиот кварт на црвени светла во предградието и забрана за продажба на лесни дроги на туристите во кафулињата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ