недела, 26 април 2026

Амнести интернешнал: Мирни протести се речиси невозможни во Русија

Објавено на

часот

Сподели

„Властите во Русија во толкава мера го загрозија правото на слобода на мирно собирање користејќи сè поголем број рестриктивни закони, со рестриктивна полициска тактика и кривично гонење, за да го стивнат мирното несогласување“, се наведува во извештајот на организацијата за заштита на човековите права објавен пред парламентарните избори во Русија во септември.

Во извештајот насловен „Нема место за протест“ се документира сузбивањето на мирните протести, што според Амнести почнува во 2004 со сојузниот закон за собирање, а таквата пракса во последните години се интензивира.

„Руските власти со години со неверојатна упорност и инвентивност го ограничуваа правото на слобода на собирање“, тврди Олег Козловски, истражувач на таа организација во Русија.

„Како резултат, мирните улични протести во очите на државните функционери станаа злосторство, а истовремено и чин на херојство за оние Руси кои сè уште веруваат во правото на изразување протест“, се наведува во извештајот.

„Незаконските рестрикции, барања и остри санкции со кои се соочуваат руските демонстранти можат во нивната апсурдност да се опишат само како кафкијански. На руските власти им беа потребни 16 години и 13 случаи на парламентарно плеткање со законодавството за правото на слобода на мирно собирање да биде лишено од какво било правно значење“, додава Козловски.

Извештајот детално го опишува и она што Козловски го нарекува претерана употреба на полициска сила, која е наводно документирана „со користење на техники на боречки вештини против демонстрантите, безмилосно удирање со палки и, почнувајќи од оваа година, оневозможување со електрошокови“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ