четврток, 7 мај 2026

Американските генерали стравуваат од граѓанска војна во САД

Објавено на

часот

Сподели

Тројца пензионирани генерали на американската армија тврдат дека постои опасност од избувнување на граѓанска војна во САД доколку Пентагон навреме не ги искорени „потенцијалните бунтовници“. Според нивното мислење, големи се шансите за „уште еден бунт“, доколку републиканците повторно ја заземат Белата куќа.

Во остра колумна објавена во петокот во „Вашингтон пост“, пензионираните офицери, генерал-мајорот Паул Д. Итон, генерал-мајорот Антонио М. Тагуба и бригадниот генерал Стивен М. Андерсон го повика Пентагон да ги идентификува слабите точки и да спречи обид за бунт или државен удар по изборите во 2024 година.

Овие генерали веруваат дека американската војска е полна со потенцијални бунтовници, па затоа бараат од Пентагон да ги „идентификува, изолира и отстрани“ пред да биде предоцна за чистки, посочувајќи го „вознемирувачкиот број ветерани и активен воен персонал“ што беа вмешани во настаните од 6 јануари во Капитол.

Оценувајќи дека „потенцијалот за воен удар е многу реален“, генералите напишаа дека се „сè позагрижени за последиците од изборите во 2024 година и заканата од смртоносен хаос во рамките на армијата“.

Како пример за таков „бунт“, генералите го наведоа конфликтот меѓу Националната гарда на Оклахома и Пентагон околу задолжителната вакцинација против ковид-19, нарекувајќи го „можеби загрижувачки“ знак за претстојниот воен колапс од страна на припадниците на армијата.

Бригадниот генерал Томас Манчино отворено ѝ пркосеше на воената наредба за вакцинација, ветувајќи дека членовите на Националната гарда на Оклахома нема да бидат казнети доколку одбијат да бидат вакцинирани, и покрај заканата на Пентагон дека ќе ги повлече средствата за тие војници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ