сабота, 2 мај 2026

Американскиот амбасадор во Белград: „Бидете сигурни, вршиме притисок врз Приштина“

Објавено на

часот

Сподели

„Многу внимателно ја следиме ситуацијата во Северна Митровица. Ги видов изјавите на претседателот (на Србија Александар) Вучиќ, на премиерката (на Србија Ана) Брнабиќ, (директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада) Петар Петковиќ, во контакт сум со колегите во Приштина, амбасадорите на западните земји тука во Белград. Бидете сигурни дека вршиме силен притисок врз Приштина и дека очекуваме луѓето да преземат одговорност за своите акции“, кажа Годфри.

На прашањето дали ги изненадила акцијата на косовската полиција и дали мисли дека ваквите потези спречуваат каков било напредок во процесот на нормализација на односите, амбасадорот кажа дека во овој момент нема доволно информации за последниот инцидент.

„Постојат шанси кои треба да се искористат за да се напредува. Колку повеќе се одложува третирањето на нерешените прашања, толку нештата ќе бидат полоши“, наведе амбасадорот Годфри.

Според најавите, него на таа позиција би требало да го замени Кристофер Хил, искусен дипломат, познавач на регионот и близок пријател и соработник на американскиот претседател Џо Бајден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ