недела, 19 април 2026

Америка го одбележува Денот на независноста (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

На тој ден, голем број манифестации во градовите на САД и главниот град Вашингтон, ја слават историјата, политичката традиција и американскиот начин на живот, вели Гласот на Америка.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=Fkgbluk7wVI autoplay:0]

Постојат очигледни разлики во начинот на славење на празникот во однос на претходната година. Околу 47 милиони Американци за време на викендов се очекува да патуваат со авион или автомобил, според Американското здружение на возачи на автомобили. Тоа е зголемување за 40 проценти во споредба со минатата година.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=t_gwgOzoDXQ autoplay:0]

Ова време лани многу Американци или делумно славеа или воопшто не го прославија Денот на националната независност, во моменти кога земјата се бореше со вториот бран на зараза со ковид-19.

Меѓутоа, сега е поинаку.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=aS5NglM9kSk autoplay:0]

„Главната промена е, секако, вакцината, но имаме и осет како да ги лечиме пациентите со ковид-19. Ги разбираме терапиите што треба да ги користиме, оние што немаат најмногу негативни ефекти“, објаснува Тајсон Бел, лекар на Универзитетската болница во Вирџинија.

Администрацијата на претседателот Бајден посочува дека од нејзиното преземање на функцијата, дадени се над 326 милиони дози вакцини, а 54 проценти од граѓаните се целосно вакцинирани. Но двоумењето кон вакцинирање останува, а целта на Бајден да се вакцинираат 70 проценти од возрасните до 4 јули не е исполнета.

Оние што не се вакцинирани претставуваат опасност за општата популација од ширење нови и евентуално поштетни мутации на вирусот, предупредува д-р Тајсон Бел. „Дали би можела да постои некоја друга варијанта на патот, која потенцијално би можела да има мутација што може да ѝ помогне да ѝ се спротивстави на вакцината, а потоа да треба да се вратиме на почетокот? Тоа секако е можно“, предупредува Бел.

Медицинските експерти се согласуваат дека сите надежи за искоренување на пандемијата и за уште понормален празник 4 јули следната година зависат од координираните глобални напори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ