Саливан му рекол на Ушаков, советник за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, дека „секој дијалог мора да е заснован на реципроцитет и треба да реагира на загриженоста (на САД и нивните сојузници) за дејствијата на Русија“.
Британската агенција наведува дека Москва го вознемирила Западот со трупањето војници во близина на Украина и дека минатата недела презентирала листа на безбедносни предлози за кои сака да преговара, вклучувајќи и барање НАТО да се откаже од каква било воена активност во Источна Европа и Украина.
„Саливан рече дека САД се подготвени за дипломатски контакти преку многу канали. Можеме да зборуваме посебно и за билатералните контакти, преку Советот Русија-НАТО, или во рамките на ОБСЕ“, се наведува во соопштението на Советот за национална безбедност на САД, кое го пренесе руската агенција Интерфакс.






