четврток, 7 мај 2026

Америка бара повеќе војници на НАТО за Бугарија и Романија

Објавено на

часот

Сподели

Според наводите, Волтерс сакал силите на таканареченото Засилено напредно присуство (ЕФП), формирани пред пет години, да бидат и во двете балкански земји. Вакви контингенти на НАТО се наоѓаат во Полска и балтичките земји, каде што вршат маневри со локалните армии. Во случај на конфликт, идејата е тие војници да бидат на фронтот додека не пристигне засилувањето.

Волтерс, наводно, предложил формирање слични контингенти од по 1.500 војници во Бугарија и Романија.

НАТО го правдаше воведувањето на единиците на ЕФП со анексијата на Крим, па и сега заговорниците мислат дека засилувањето би било соодветен одговор на руските воени маневри во близина на украинската граница.

Волтерс тврди дека НАТО ќе продолжи да се придржува до договорот со Русија, кој забранува постојано стационирање силни трупи на источното крило на НАТО. Од таа причина, во балтичките земји нема постојани трупи, туку војниците ротираат.

Од седиштето на НАТО не ги потврдија ниту ги демантираа наводите на германскиот медиум. Портпаролката рече дека алијансата останува „будна“ и дека ќе ги преземе „сите неопходни чекори“ за да ги заштити членките на НАТО од каква било закана.

„Воздржаноста е разбирлива. Сите земји на НАТО се свесни за политичката експлозивност на овој предлог“, оцени Шпигл и потсети дека рускиот претседател Владимир Путин најави преговори со САД со цел да се реши конфликтот. Барањето на Москва е НАТО да не распоредува дополнителни војници во правец на Русија.

Според германскиот неделник, генералот Волтерс на споменатата средба известил дека Русија, откако собрала речиси сто илјади војници на границата со Украина, може да вмаршира до соседната земја и да остане таму.

Шпигл заклучува дека американскиот предлог може да биде проблематичен за новата коалициска влада во Германија. Зелените, кои се дел од Владата, „веќе се покажаа неверојатно отворени за идејата за зајакнување на трупите на источното крило“, пишува Дојче веле.

Но социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц би можеле да бидат повоздржани во врска со ова прашање, бидејќи многу странци го гледаат испраќањето војници на исток како непотребна провокација кон Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ