Абазовиќ е во службена посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ)
„Се надевам дека секоја следна ќе има чесни луѓе. Се направи многу, нападнати се сите видови на мафија. И покрај сите неволји, веднаш се фативме за работа и се обидовме да го дадеме максимумот за Црна Гора да тргне по чесен пат. Сите се плашеа од банкрот, но тоа не се случи. Потоа се плашеа дека нема да има туристичка сезона, но резултатите беа импресивни. Не се штедевме себеси, како што нема да ги штедиме ни оние кои го кршеле законот и ја користеле државата за остварување на сопствените интереси. Се пресметавме со нарко-картелите, тутунската мафија, градежната мафија“, истакна Абазовиќ.
Тој кажа дека ќе се борат да ја заштитат животната средина, пренесува Вијести.
„Целта е Црна Гора да ја направиме европска држава. Мора да дадеме гас во европските интеграции. Никогаш нема да поддржуваме поларизација и кавги, само ќе поддржуваме компромиси. Најдобрите нешта претстојат. Мораме да го градиме демократскиот капацитет. Нека ни е среќна годишнината. Се надевам дека Црна Гора ќе бележи само успех“, порача Абазовиќ.






