Во земјотресот се повредени 18 лица, а турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја објави дека се примени 504 пријави, вклучувајќи 25 за структурни оштетувања.
Според соопштението на Канцеларијата на гувернерот на Баликешир, училиштата денес не работат, а објавено е дека бремените жени и лицата со попреченост кои работат во јавните институции и организации се ставени на административен одмор, објавува Хаберлер.
Најавено е дека образовните институции ќе ја прекинат работата еден ден во областите Акхисар, Сома, Демирџи, Кирикагач и Гердес.
Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала го погоди округот Синдирги во Баликесир вчера во 22:48 часот. Тресењето на тлото било почувствувано и во Истанбул и Измир како и околните провинции. Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала се случи во истиот регион на 10 август.






