четврток, 16 април 2026

Трамп објави 10-дневно примирје меѓу Израел и Либан

Американскиот претседател Доналд Трамп објави 10-дневно примирје меѓу Израел и Либан, пренесе Си-ен-ен. Тоа треба да стапи во сила вечерва во 23 часот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тукушто имав одлични разговори со високопочитуваниот претседател Џозеф Аун од Либан и премиерот Биби Нетанјаху од Израел. Овие двајца лидери се согласија дека, за да се постигне МИР меѓу нивните земји, формално ќе започнат 10-дневно ПРИМИРЈЕ во 17 часот по источноамериканско време“, напиша Трамп денеска на Трут сошл.

 „Им наложив на потпретседателот Џеј Ди Венс и на државниот секретар Рубио, заедно со претседателот на Здружениот генералштаб, Ден ‘Разин’ Кејн, да работат со Израел и Либан за постигнување траен МИР“, додаде Трамп.

Израел и Либан неделава во Вашингтон ги одржаа првите директни разговори по повеќе децении.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ