четврток, 22 мај 2025

Трамп: Можеби Путин не сака да ја сопре војната, туку само ме „влече“

Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека немало причина претседателот на Русија Владимир Путин во последните денови „да лансира ракети на цивилни области, градови и села“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа ме наведува да помислам дека можеби и не сака да ја сопре војната, туку само ме влече, и ќе мора со него да се постапува поинаку, преку „банкарство“ или „секундарни санкции“? Премногу луѓе умираат“, напиша Трамп на социјалната мрежа Трут соушал.

Тој го обвини поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Барак Обама дека ѝ овозможил на Русија да го земе Крим од Украина без испукан куршум.

Коментирајќи го текстот кој денес го објави Њујорк тајмс, порача дека немал никаква врска „со оваа глупава војна“, освен на почетокот, кога, како што кажа, на Украина ѝ дал ракети „џавелин“.

„Ова е војната на поспаниот Џо Бајден, а не моја. Беше тоа загуба од првиот ден и никогаш не требаше да се случи, ниту ќе се случеше ако бев јас тогаш претседател. Само се обидувам да го исчистам хаосот кој ми го оставија Обама и Бајден, а каков е тоа само хаос“, напиша Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ