понеделник, 23 јуни 2025

Ројтерс: Каде ќе завршат парите од УСАИД

Американскиот Стејт департмент размислува да пренасочи половина милијарда долари од затворената УСАИД кон „контроверзна“ фондација за испорака на хуманитарна помош во Газа, објави Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Британската новинска агенција цитира четири анонимни извори, од кои двајца се поранешни владини претставници на Соединетите Американски Држави. Според нив, парите ќе бидат доделени на Хуманитарната фондација за Газа (ГХФ), која е блиска до Израел и големите американски бизниси. Обединетите нации, како и некои невладини организации, веќе ја критикуваа ГХФ дека не е неутрална.

ГХФ почна со дистрибуција на хуманитарна помош во палестинската енклава минатата недела. Сепак, мораше да ги прекине активностите во два наврати кога имаше немири на местата за дистрибуција, додека неколку вработени поднесоа оставки, објави Ројтерс.

Ројтерс не можел да утврди кој моментално ги финансира активностите на ГХФ во Газа. Израелските и американските власти негираат дека стојат зад фондацијата, која наводно е блиска до американски фирми за превоз и безбедност за испорака на храна и други залихи до палестинската енклава. Ројтерс претходно објави дека Мекнели капитал, со седиште во Чикаго, има „економски интерес“ во работата на ГХФ.

САД и Израел тврдат дека помошта што се канализира преку организации поддржани од ОН завршува во рацете на Хамас, кој го негира ова. Извори на Ројтерс велат дека Израел побарал од САД да ги финансираат активностите на ГХФ во следните шест месеци.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, речиси ја распушти УСАИД и откажа 80 проценти од програмите на агенцијата. Два извори на Ројтерс велат дека идејата за пренасочување на парите кон ГХФ дошла од Кен Џексон, вршителот на должноста заменик-директор на УСАИД.

Некои американски претставници се противат на планот, велат извори на Ројтерс, бидејќи има премногу гладни Палестинци во близина на дистрибутивните точки на ГХФ и тие не се безбедни.

ГХФ отвори три дистрибутивни центри во Газа од почетокот на јуни, но мораше да затвори еден во последните три дена. Според службеници на болницата во Газа, повеќе од 80 лица се убиени, а стотици други се ранети во близина на центрите.

Израелската војска тврди дека двапати пукала во воздух за да спречи стампедо, а во вторникот отворила оган врз „сомнителни“ Палестинци кои се приближиле до нејзините позиции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ