понеделник, 23 јуни 2025

Претседателски кандидат во Колумбија двапати застрелан во главата за време на говор (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Конзервативниот сенатор Мигел Урибе, колумбиски претседателски кандидат на изборите во мај 2026 година, беше ранет во саботата во Богота за време на предизборен митинг, што владата „категорично и остро“ го осуди, а неговата сопруга објави дека тој се бори за живот.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Видео објавено на социјалните мрежи го прикажува 39-годишниот политичар како држи говор на изборен митинг во западниот дел од главниот град кога се слушнале истрели. Други снимки го прикажуваат како лежи на покривот на возило, со телото покриено со крв.

Десничарскиот политичар бил застрелан двапати во главата и еднаш во коленото, според болничарите кои го лекувале.

Полицијата на лице место уапсила 15-годишен осомничен, пренесува Би-би-си.

Урибе беше нападнат додека се обраќаше пред мала група луѓе во парк во саботата.

Неговата партија Демократски центар го осуди нападот, велејќи дека „го загрозува животот на политичкиот лидер… демократијата и слободата во Колумбија“.

Колумбиската влада го осуди нападот врз Урибе како „чин на насилство не само против неговата личност, туку и против демократијата“.

Урибе потекнува од истакнато политичко семејство во Колумбија, со врски со Либералната партија, неговиот татко бил синдикален лидер и бизнисмен.

Неговата мајка, новинарката Дијана Турбеј, била убиена во 1991 година во обид за спасување, откако била киднапирана од нарко-картелот Меделин, кој во тоа време го водел Пабло Ескобар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ