понеделник, 9 февруари 2026

По 40 години борба против турското угнетување, курдските милитанти прогласија примирје

Забранетата Курдска работничка партија (ПКК) денес прогласи примирје, одговарајќи на повикот на нејзиниот затворен лидер Абдула Очалан за спуштање на оружјето, што е голем чекор кон крај на 40-годишниот бунт против угнетувањето од турската држава.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Очалан во четвртокот ја повика ПКК да се разоружи и распушти, а повикот го поддржаа владата на турскиот претседател Реџеп таип Ердоган и прокурдската опозициска партија ДЕМ.

Ако примирјето биде успешно потегот може да има далекусежни последици за регионот и да го заврши конфликтот во кој се убиени повеќе од 40 илјади луѓе откако ПКК, сега базиран во планините на северен Ирак, го почна својот бунт во 1984 година.

ПКК во соопштението изрази надеж дека Анкара ќе го ослободи Очалан, затворен во самица од 1999 година, за тој да може да го води процесот на разоружување. Се истакнува дека се потребни политички и демократски услови за тој процес да успее.

„Ние како ПКК целосно се согласуваме со повикот и изјавуваме дека од наша страна ќе посветиме внимание на потребите на тој повик и ќе го спроведеме“, соопшти групата.

„Ние како ПКК целосно се согласуваме со повикот и изјавуваме дека од наша страна ќе посветиме внимание на потребите на тој повик и ќе го спроведеме“, соопшти групата, а пренесува новинската агенција Фират поврзана со неа.

„Освен тоа, прашањата како разоружувањето можат да се остварат само под практично лидерство на водачот Апо“, додава групата, користејќи го прекарот на Очалан. Групата предупреди дека веднаш ќе ги сопре нападите освен во случај на агресија против неа.

Прозападните Сириски демократски сили, кои Анкара ги смета за огранок на ПКК, го поздравија повикот на Очалан, но истакнаа дека тој не се однесува на нив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ