среда, 13 мај 2026

Орбан упати список од 11 барања до Украина

Унгарските власти бараат од Киев да го прогласи целиот украински регион Закарпатија за „традиционално унгарски“ како дел од списокот од 11 барања на Будимпешта во однос на заштитата на правата на националните малцинства.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Дополнително, Будимпешта бара изборна реформа во Украина што ќе овозможи политичко претставување на претставниците на унгарското малцинство. Клучен камен на сопнување е назначувањето на области во Украина со посебно ниво на гаранции за правата на Унгарците. Во Закарпатскиот регион, според пописот од 2001 година, уделот на Унгарците е над 10 отсто.

Списокот од 11 точки на Украинците им го предаде унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто уште во јануари 2024. Тогаш Сијарто го нарече список на унгарски „барања“.

Во меѓународната политика не е вообичаено да се „бараат“ какви било активности од суверена држава. Сепак, ставот на Будимпешта од почетокот беше дека Киев треба да ги исполни. Затоа, дури и во официјалната кореспонденција се употребуваше името „листа на барања“, пренесува Кликс.ба.

Во суштина, Унгарија бара укинување на низата законски измени во законодавството на малцинствата што Украина ги направи по 2014 година.

Унгарските функционери, меѓу кои и Сијарто, отворено го признаваат тоа и тврдат дека оттогаш Украина наводно ги намалила правата на малцинствата, што е забрането со Уставот на Украина и меѓународните норми.

Барањето на Будимпешта да се воведе концептот на „културна автономија“ во украинското законодавство наиде на категорично „не“ од Киев.

Едно од двете најпроблематични е барањето под број 11 за политичко претставување на претставниците на унгарското малцинство, за кое, сепак, Унгарија веќе почна да прави компромиси.

Отпрвин, Орбан сакаше да ѝ го наметне на Украина системот што моментално функционира во Унгарија, каде што претставниците на неколку национални малцинства (меѓу нив и украински) имаат законски загарантирано претставување во парламентот.

„Друга работа е тоа што, прво, тие претставници на малцинствата имаат ограничени права, а второ, во реалноста на режимот на Орбан, на тие позиции се поставуваат луѓе лојални на владата. Меѓутоа, според законот, на хартија, такво право постои. Така, Будимпешта побара од Украина да воведе нешто слично“, пишува Европска правда.

Украинскиот весник тврди дека нема шанси идејата да се реализира бидејќи тоа не е можно за време на вонредна состојба.

Будимпешта бара од Украина да го укине законскиот услов сите избрани функционери да го знаат државниот јазик и да го зборуваат на состаноците на советот на кои се избрани. Но, ниту тоа не беше клучниот проблем. Најтешко беше да се одредат места во Украина со посебно ниво на гаранција за правата на Унгарците.

Оваа норма сè уште е во законот: таа се однесува на градови и села со значителен број претставници на малцинствата (од 15 отсто) и со „традиционален“ малцински престој (од 10 отсто во последните 100 години). Во овој случај, со одлука на локалниот совет, можно е, на пример, да се постават сообраќајни знаци на два јазика. Ова не беше доволно за Будимпешта.

Таму, пред сè, бараат автоматски да се признаат сите населби во Закарпатија како „традиционални унгарски“, дури и оние во кои Унгарците никогаш не живееле.

„Постои категорично барање да се користи само пописот од 2001 година (оттогаш бројот на Унгарци кои живеат во Закарпатија е речиси преполовен; главно поради делењето на унгарските пасоши од страна на Орбан)“, пренесува Европска правда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ