петок, 7 ноември 2025

Научниците оживеаја микроби од мразот во Алјаска стари над 40.000 години

Научниците извадиле микроби од ледените покривки во тундрата на Алјаска, од кои некои се стари над 40.000 години, и постепено ги одмрзнале во лабораториски услови за да ги следат ефектите од ова одмрзнување и влијанието врз глобалното затоплување, објавија денес американските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Поради глобалното затоплување и затоплувањето на Арктикот, ледените покривки почнуваат да се топат, а микробите во нив постепено се будат.

Пермафростот, трајно замрзнато тло во период од над две години, е природен фрижидер што содржи огромни резервоари на јаглерод, а кога се топи, микробите во него можат да ослободат јаглерод диоксид, метан и други штетни гасови што придонесуваат за ефектот на стаклена градина, според порталот Брајтерсајд.

За да откријат колку брзо овие микроби оживуваат по одмрзнувањето, научниците од Универзитетот во Болдер, Колорадо, ги изложиле на метод на одмрзнување на база на вода во лабораторија, а потоа го следеле понатамошниот тек на настаните.

„Овие микроби се како временски капсули и не се само мртви примероци, туку можат многу силно да ослободат јаглерод диоксид“, рече истражувачот Тристан Каро.

Студијата откри дека арктичкиот пермафрост не ги ослободува своите резерви на јаглерод одеднаш при одмрзнувањето, туку микробите во него оживуваат постепено и потребно е време за штетните гасови да почнат да емитуваат.

Наодите од студијата би можеле да помогнат во подетални прогнози за стапката на емисии на штетни гасови додека се одмрзнува Арктикот, а оваа информација укажува на потребата што е можно поскоро да се намали согорувањето на фосилните горива што доведува до такви емисии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ