Според првичните информации, осомничениот за нападот е уапсен, но мотивот за нападот сѐ уште не е познат.
„Засега немаме информации за причината или мотивот на инцидентот со прободување. Тоа е предмет на нашата истрага“, соопшти полицијата од Амстердам, која ги повика граѓаните кои имаат снимки од инцидентот да им ги испратат.
Локалните медиуми јавуваат дека полицијата ја опколила областа на Синт Николасстраат и самиот плоштад Дам. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како хеликоптерот слетува на плоштадот, додека повредените се префрлени во болница.
🚨🚨 Mass stabbing attack in central Amsterdam
An unidentified man with a knife attacked pedestrians at Dam Square, injuring at least 5 people.
The attacker has been detained, but his motive remains unknown. pic.twitter.com/Cow1jUi3y1
— NEXTA (@nexta_tv) March 27, 2025
Весникот Де Телеграф пренесува дека најмалку четиринаесет полициски возила и еден полицаец на мотор пристигнале на местото на настанот за 15 минути.
Хеликоптерот на брзата помош кој веднаш по инцидентот слета на плоштадот и поради кој полицијата привремено го опколи поголемиот дел од плоштадот, полетал околу 16 часот и 30 минути.
De traumahelikopter staat nog steeds op de Dam, die nog volledig is afgezet pic.twitter.com/QNt8aaNxpI
— Marcel Vink (@marcelvink888) March 27, 2025
Сведок му рекол на новинар дека одеднаш се слушнал крик, по што настанала паника, но нему и на другите минувачи веднаш не им било јасно што се случува.
Вработена во продавница на плоштадот Дам изјавила дека одеднаш слушнала многу викање и врескање и дека луѓето почнале да трчаат во правец на инцидентот.
Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема, главниот обвинител Рене де Беукелаер и началникот на полицијата Питер Хола се состанаа на консултации по нападот.
Плоштадот Дам е едно од најпосетуваните места во главниот град на Холандија, лоциран во историскиот центар на Амстердам и опкружен со знаменитости како што е Кралската палата.