Таа, на собирот на европските десничарски партии, порача дека Европската Унија ветувала мир, а дека сета енергија ја насочила кон планираниот воен проект.
„Морам да ви кажам – денес сите тематски одбори во Европскиот парламент активно, би кажала патолошки, се ангажирани во подготовките за војна на Истокот. Ние, Европејците, кои ја знаеме цената на пролеаната крв, не сакаме лидери кои си играат војници“, истакна Ле Пен.