среда, 25 јуни 2025

Кинески носач на авиони за првпат виден источно од Иво Џима

Кинескиот носач на авиони Лијаонинг за прв пат пловел во водите источно од островот Иво Џима во Тихи Океан, потврди денес портпаролот на јапонската влада, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Јапонија ќе го засили надзорот и ќе ги собере сите потребни информации, изјави главниот секретар на владата Јошимаса Хајаши на редовната прес-конференција во Токио. Тој додаде дека Јапонија испратила „соодветна порака“ до Кина, но не даде дополнителни детали. Иво Џима се наоѓа околу 1.000 километри јужно од Токио.

Здружениот генералштаб на Јапонија објави во текот на викендот дека Лијаонинг, придружуван од неколку други бродови, пловел во ексклузивната економска зона на Јапонија во близина на островот Минамиторишима, кој се наоѓа источно од Иво Џима. Јапонија, исто така, потврди дека борбени авиони и хеликоптери полетале од кинескиот носач и слетале на него вчера над водите југоисточно од Иво Џима.

Кинеското министерство за надворешни работи денес порача дека пловењето на носачот е „целосно во согласност со меѓународното право и пракса“.

Портпаролот на министерството Лин Џијан изјави на редовната прес-конференција дека Кина „секогаш води одбранбена политика на национална безбедност“ и ја повика Јапонија да го разгледа целиот случај „објективно и разумно“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ