За време на пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, украинската делегација водела бројни разговори со меѓународни партнери, особено фокусирајќи се на финансирањето за 2026 година и продолжувањето на реформите, објави парискиот весник Монд.
Марченко го поздрави спроведувањето на механизмот, кој овозможува користење на приходите од замрзнатите руски средства за поддршка на Киев, нагласувајќи ја потребата од „предвидлива и одржлива“ меѓународна поддршка во условите на тековната војна.
Украинскиот министер ја нагласи итна потреба од воспоставување сеопфатен механизам за директна мобилизација на руските средства, верувајќи дека тие би можеле да станат клучен извор на финансирање за обновата на Украина, чии потреби надминуваат 588 милијарди долари во следната деценија.
Марченко спомна разговори со неколку партнери, вклучувајќи ја и Европската Унија, која неодамна одобри 90 милијарди евра помош за 2026-2027 година, кои се сметаат за неопходни за покривање на буџетските потреби на земјата.
И покрај војната, Украина очекува економски раст во текот на 2026 година, но сепак е во голема мера ограничена од трошоците за одбрана, кои претставуваат повеќе од две третини од нејзиниот буџет, додаде украинскиот министер.






