вторник, 17 јуни 2025

Гувернерот на Калифорнија: Трамп тукушто повика да ме уапсат

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, се огласи на социјалната мрежа Икс откако американскиот претседател Доналд Трамп навести дека би го поддржал неговото апсење.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Претседателот на Соединетите Американски Држави тукушто повика на апсење на актуелниот гувернер. Ова е ден за кој се надевав дека никогаш нема да го видам во Америка. Не ме интересира дали сте демократ или републиканец, ова е граница што не смееме да ја преминеме како нација. Ова е непогрешлив чекор кон авторитаризам“, напиша Њусом.

Изјавата на Трамп е дадена во контекст на проимиграциските немири во Калифорнија, што го поттикна да ја распореди Националната гарда во таа сојузна држава.

Во саботата, Том Хоман, „царот на границите“ на Трамп и привремен директор на Одделот за имиграција и царина, се закани дека ќе го уапси секој што ќе ги попречи напорите за спроведување на законите за имиграција, потег што ги вклучува и Њусом и градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас.

Во интервју за Ен-би-си њуз Њусом одговори со предизвик, порачувајќи му на Трамп „едноставно да стави крај на сè“ и да го уапси. Трамп денес одговори потврдно на новинарско прашање дали би ја поддржал заканата на Хоман за апсење на Њусом.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ