Светските медиуми денеска известуваат дека Жозе Мурињо и дефинитивно ќе го преземе кормилото на Реал Мадрид.
Наводно двете страни ги договориле сите детали, а официјалното потпишување на договорот ќе се случи по крајот на сезоната.
Мурињо јавно демантира дека има разговори со Реал Мадрид, но тоа е само затоа што сезоната е се уште во тек.
Бенфика последното коло го игра во сабота, со тоа завршува сезоната и преминот на Мурињо од Лисабон во Реал Мадрид ќе може да биде соопштен и официјално.






