петок, 7 ноември 2025

Втора победа во низа за одбојкарите на Работнички

Втора првенствена победа во вториот натпревар за одбојкарите на Работнички 71&22 откако синоќа на стартот на второто коло со 3:0 (25:13, 25:22, 25:20) го совладаа Борец.

Објавено на

часот

Сподели

Домашниот тим имаше сигурно отворање на мечот со 8:3, односно 17:9, па лесно дојде до стартната предност од 1:0 во сетови. Вториот и третиот сет се играа изедначено, со голема неизвесност во завршниците, но сепак Работнички успеја да дојде до максимална победа и нови три бода.

Покрај овој дуел во рамките од второто коло в сабота ќе се одиграат уште четири натпревари Скопје го пречекува Штип УГД, Македонија Џио ќе се соочи со Сушево, Шкендија игра со Весна Пробиштип, додека Лирија ќе биде домаќин на дуелот со шампионот Струмица 47&72. Мечот меѓу Јанта Волеј мажи и Универзитет во Тетово е одложен.

ПРВА ЛИГА МАЖИ, 2. КОЛО

РАБОТНИЧКИ 71&22 – ГОК БОРЕЦ 3:0 (25:13, 25:22, 25:20)

САБОТА (01.11.2025)

СКОПЈЕ – ШТИП УГД 14:30ч.

МАКЕДОНИЈА ЏИО – СУШЕВО 18:00ч.

ШКЕНДИЈА – ВЕСНА ПРОБИШТИП 18:00ч.

ЈАНТА ВОЛЕЈ – УНИ. ВО ТЕТОВО одложена

ЛИРИЈА – СТРУМИЦА 47&72 16:00ч.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ