четврток, 16 април 2026

Во сообраќајка загина поранешен голман на Јувентус и Арсенал

Шок во Австрија, загина поранешниот репрезентативен голман на оваа земја, Алекс Манингер, животот го загуби во сообраќајна несреќа која се случила во Салцбург, имаше само 48 години.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Информациите од Австрија велат дека Манингер загинал во сообраќајна со автомобил во која била вклучена и локалната железница во Салцбург.

Австриецот беше познат светски голман, кариерата ја почна во Салцбург, а ја заврши во Ливерпул како резервен голман во сезоната 2016/17. Во кариерата го бранеше голот на Арсенал, Фиорентина, Еспањол, Торино, Болоња, Сиена, Удинезе, Јувентус…

Има и 33 настапи за репрезентацијата на Австрија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ