среда, 19 ноември 2025

Вашеро ја комплетираше сензацијата во Шангај и испиша историја

Тенисерот од Монако, Валентин Вашеро е победник на АТП мастерсот 1000 кој се играше во Шангај откако во финалето го совлада Риндеркнех со 2-1 во сетови, тој стана најслабо рангираниот тенисер кој освоил ваков тип на турнир.

Објавено на

часот

Сподели

Вашеро денеска во финалето го загуби првиот сет од Риндеркнех со 6-4, но ги доби следните два со 6-3 и 6-3 и дојде до историски трофеј.

Тој на турнирот влезе како 204. тенисер во светот, што е најнизок ранг на некој кој победил на Мастерс 1000 турнир.

Рекордот досега го држеше Борна Чориќ кој во 2022 година победи во Синсинати како 152. тенисер во светот.

Сензационалниот Вашеро на патот до финалето меѓудругите ги елиминираше и Руне и Ѓоковиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ