петок, 15 мај 2026

Вардар на коло пред крајот се врати на тронот во мак-фудбалот

Вардар повторно е шампион на Македонија. Најтрофејниот македонски клуб ја обезбеди титулата на едно коло пред крајот на сезоната, откако славеше на тешкото гостување кај Струга со минимални 0-1.

Објавено на

часот

Сподели

Решавачкиот момент на натпреварот се случи уште на стартот, кога Цветковиќ погоди за водство на „црвено-црните“ и донесе огромна радост кај гостинските навивачи. Вардарци продолжија офанзивно и во продолжението од првото полувреме, создавајќи неколку добри можности, но резултатот остана непроменет.

Домашниот состав се разбуди во вториот дел и почна да врши силен притисок кон голот на скопскиот тим. Најопасен во редовите на Струга беше Малески, кој во неколку наврати сериозно се закани, но одбраната на Вардар и голманот успеаја да го сочуваат минималното водство. Во самиот финиш Струга тргна на сѐ или ништо, меѓутоа Вардар одигра дисциплинирано и успеа да ја задржи предноста за голема победа и официјална потврда на шампионската титула, која се враќа во Скопје по шест години пауза.

Во останатите средби од колото, Шкендија ја совлада Брера со 2-1, додека Силекс беше поразен од Арсими со 0-1.

По 32 одиграни кола Вардар има 80 бодови и недостижен е на врвот, Шкендија е втора со 74, а Струга останува на третата позиција со 62 освоени бода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ