вторник, 12 мај 2026

Вардар ја продолжи соработката со Марио Келентриќ до 2028 година

Ракометниот клуб Вардар информира дека е потпишан нов договор со тренерот на голманите, Хрватот Марио Калентриќ.

Објавено на

часот

Сподели

„РК Вардар ја продолжи соработката со тренерот на голманите Марио Келентриќ, кој и во наредните две сезони ќе остане дел од стручниот штаб на „црвено-црните“. Според новиот договор, Келентриќ ќе работи во клубот до јуни 2028 година.
Келентриќ пристигна во Вардар во јуни 2025 година, и легендарниот хрватски голман дојде во Скопје со богато искуство и енергија, откако работеше во Германија“, стои во соопштението на Вардар.

Келентриќ беше дел од „златната генерација на Хрватска“ која го освои светското злато во 2003 година во Португалија и среброто на Олимписките игри во Атина 2004. Бранел за Загреб, Целје, Метковиќ, Тусем Есен и Мелсунген, а како тренер работел во Гумерсбах, каде четири години бил задолжен за сите категории на голмани во клубот. Исто така работел и со репрезентацијата на Босна и Херцеговина, како и во ППД Загреб и Слога Добој.

Одлуката за продолжување на соработката доаѓа по сезона во која Вардар се врати на трофејните патеки на домашната сцена и повторно ја освои двојната круна во Македонија. Голманите на Вардар на многу натпревари беа еден од клучните фактори за добрите резултати, а за нивната форма се грижи Келентриќ.
Покрај домашните успеси, Вардар имаше и значаен европски настап, откако стигна до Топ-8 фазата во Лига Европа.
Задржувањето на Келентриќ е важен чекор кон стабилност и континуитет во работата на стручниот штаб.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ