петок, 14 ноември 2025

Среде натпревар почина поранешниот тренер на Шкупи, Младен Жижовиќ

На 44-годишна возраст почина тренерот на Раднички Крагујевац, Младен Жижовиќ кој во минатото го водеше и македонскиот тим, Шкупи.

Објавено на

часот

Сподели

На Жижовиќ му се слоши среде натпреварот меѓу Младост и Раднички. Тој веднаш беше пренесен во болница со возило на брзата помош, но докторите не успеале да го спасат неговиот живот.

Младен Жижовиќ е босански стратег и поранешен фудбалер. Како тренер работеше и во Шкупи, го водеше македонскиот клуб во сезоната 2023-24.

Во Раднички Крагујевац пристигна пред десетина дена, а претходно беше тренер на Борац Бања Лука со кој постигна историски успех носејќи го тимот во Европа. Им беше тренер на Дамјан Шишковски и Бобан Николов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ