Италијанскиот ас без поголеми проблеми го совлада Андреј Рубљов со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 6-4.
Со триумфот над Русинот, Синер стигна до неверојатни 32 последователни победи на турнирите од Мастерс серијата и го урна досегашниот рекорд кој го држеше Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер во 2011 година успеа да наниже 31 победа по ред, но сега Италијанецот остана сам на врвот на оваа листа.
За Синер ова беше осма победа во меѓусебните пресметки со Рубљов, а дополнително ја потврди доминацијата и со шестиот триумф во последните седум дуели против рускиот тенисер.






