ЖШК Прилеп е една од 14 екипи пријавени на турнирот, кој според предвиденото треба да се одигра во два викенда (10 мај, и 16/17 мај). Сепак, стартот на турнирот е обележан од два скандалозни моменти поради што прилепскиот клуб се обрати со соопштение до медиумите.
– Започна екипните првенства на Македонија во шах. И тоа неславно. Имено, иако според Правилникот на Квалификациите за Втора лига, неопходно е присуство на капитените на Техничката конференција за потврда на учеството на екипите и предавње на основните состави, таа не се одржа. Тоа доведе да екипа која нема намера да се натпреварува биде вклучена во системот на натпреварување и се влијае на регуларноста на целокупнит исход. На овој начин, паровите за 1 коло се нерегуларни и од тука па се до крај. Имено на Шкендија ѝ се дозволи да почне натпревар со еден пријавен играч, а согласно ФИДЕ и Правилникот мора да има барем 4 играчи. Сепак мечот е регистриран согласно правилата и со резултат 3,5 : 0 и екипата на Шкендија не е парувана за следното коло,- се вели во објаснувањето за првиот настан.
Дополнително, во објавениот Правилник нецелосно се опфатени ситуациите за кои е потребна реакција на арбитрите. Во конкретниот случај, забранета е употреба на телефони и други уреди, но не се наведени санкции што ќе се применат. Од ЖШК Прилеп посочуваат дека е направен преседан и нивен играч бил контумациран бидејќи во позадина се слушнал звучен сигнал од неговиот телефон.
– Согласно Правилникот на Квалификациите за Втора лига е наведено дека не е дозволено користење на мобилни уреди што е во склад со ФИДЕ правилата. Но, никаде не е наведено која е казната за истото (опомена, додаток на време на противникот поради вознемирување, контумација или друго). Тоа дава можност да прави кој како сака. При резултат 3:2 за ЖШК Прилеп, поради звучен сигнал на телефонот на играчот од ЖШК Прилеп, истиот е контумациран и со тоа директно се влијаеше на конечниот резултат, иако според играчите и позицијата само прилепскиот играч можел да победи. Случајно противникот беше дете на секретар на УО на ШФМ, кој патем да кажеме дека не е статутарен бидејќи одамна им е завршен мандатот. ШФМ и се е можно, наместо сите сме еден род,- завршува соопштението на прилепскиот клуб.






