Лоша сезона за италијанските екипи во Лигата на шампионите, единствениот тим кој ќе го имаат во осминафиналето е Интер.
Јувентус со 2-1 го победи ПСВ во Торино и со гол предност влезе во денешниот меч, но не ја задржи позитивата.
По мирното прво полувреме, Перишиќ во 53. минута даде гол за водство на ПСВ од 1-0, но десет минути подоцна Веа изедначи на 1-1.
Во 74. минута Саибари даде гол за водство на ПСВ од 2-1, тоа беше резултатот по 90 минути игра, па мечот отиде во продолженија.
Во 98. минута Фламинго даде гол за водство на ПСВ од 3-1 што беше и конечен резултат.