Охрид ќе ја предизвика Татабања во борбата за трофејот.
Според ждрепката, „гладијаторите“ прво ќе гостуваат во Унгарија. Првиот натпревар е закажан за 24 мај во терминот од 17:00 часот во Татабања. Реваншот се игра во Охрид, а одреден е вечерен термин за тој натпревар. Охрид ќе ја дочека Татабања на 31 мај во 20:00 часот и одново се очекува да бидат полни трибините во салата „Билјанини извори“.
Трофејот од ланската сезона е во витрините на Алкалоид, па Охрид сака да го повтори успехот на скопскиот клуб






