Шпанија беше фаворит за освојување на трофејот, но Португалија одигра одличен меч и заслужено го освои трофејот.
Шпанците поведоа со гол на Зубименди во 21. минута, но нивната радост не траеше долго, Мендеш со фантастичен шут изедначи на 1-1.
Пред самиот крај на првиот дел Ојарзабал постигна гол и Шпанија на одморот замина со водство од 2-1.
По 15 минути игра во вториот дел Кристијано Роналдо постигна гол за израмнување на 2-2.
Немаше други голови по крајот на 90. минути, па се играа продолженија, а ниту во нив немаше погодоци, пеналите го решаваа победникот.
Португалците беа перфектни од белата точка, погодија Рамош, Витиња, Фернандеш, Мендеш и Невес. Трагичар на Шпанија беше Мората кој беше единствениот денеска кој не реализираше пенал. За Шпанците погодија Мерино, Баена и Иско.
Cristiano Ronaldo’s reaction to the last penalty.
What a video.
pic.twitter.com/wY8ie7JXNq— TC (@totalcristiano) June 8, 2025