среда, 13 мај 2026

Охрид го промовира петтото засилување за следната сезона

Францускиот ракометар Адама Кеита е нов член на ГРК Охрид и претставува петто засилување за македонскиот суперлигаш во пресрет на новата сезона.

Објавено на

часот

Сподели

Клубот од Охрид потврди дека Кеита потпишал договор за сезоната 2026/2027 со можност за продолжување на соработката за уште една. Французинот настапува на позицијата лево крило, има 28 години и во „сино-белиот“ дрес ќе го носи бројот 9.

Кеита во Охрид пристигнува од грчки АЕК, а претходно дури осум сезони беше дел од француски ПСЖ, каде освои бројни домашни трофеи. Во својата кариера има настапи и за сите младински селекции на Франција, а во 2017 година освои бронзен медал на Светското јуниорско првенство.

Започнува ново поглавје за мене. Горд сум што му се приклучувам на ГРК Охрид и што ја започнувам оваа нова авантура во Македонија. Му благодарам на клубот за довербата што ми ја укажа. Доаѓам со голема желба, амбиција и волја да го дадам максимумот на теренот за боите на клубот. Со нетрпение очекувам да започнам и да се запознаам со нашите навивачи“, изјави Кеита.

Со ангажманот на искусниот Французин, Охрид продолжува активно да го засилува ростерот со цел да има уште поконкурентен тим за следната сезона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ