Битолчани потврдија дека хрватскиот стратег потпиша двегодишен договор и ќе биде предводник на амбициозниот проект на клубот во наредниот период. Во објавата на Еурофарм Пелистер се нагласува дека клубот секогаш има највисоки амбиции и дека изборот на Червар претставува чекор кон дополнително надградување на проектот и продолжување на успесите од последните години.
Лино Червар важи за едно од најголемите тренерски имиња на овие простори. Во својата богата кариера беше селектор на Италија, Хрватска и Македонија, а ги предводеше и екипите на Загреб и Металург. Со хрватската репрезентација освои олимписко и светско злато, а зад себе има и бројни европски и домашни титули.
Македонската јавност добро се сеќава на неговата успешна епизода со Металург, како и на работата со националниот тим, каде остави голема трага и афирмираше многу ракометари.
Искусниот хрватски стратег наскоро официјално ќе биде претставен пред јавноста во Битола.






