Никси славеа на гостувањето кај Кливленд со 108-121 за водство од 3-0 во финалето на Источната конференција.
Тимот од Њујорк одиграа сигурен натпревар и водеа во текот на речиси целата средба, па сега им недостига уште една победа за прво НБА финале по 1999 година.
Најефикасен во победничкиот тим беше Џејлен Брансон со 30 поени, додека одлична поддршка имаше од Микал Бриџис кој постигна 22 поени. Во таборот на Кливленд се истакна Донован Мичел со 23, а Џејмс Харден уфрли 21 поени.






