Српските фудбалери не беа пречекани најдобро во Тирана, тоа беше сосема очекувано.
Албанските навивачи ја свиркаа српската химна, едно од децата кои излегоа со фудбалерите покажуваше орли додека стоеше пред српски фудбалер, од трибините летаа предмети кон фудбалерите на Србија.
Што се однесува до фудбалот на овој натпревар, единствениот интересен момент се случи пред крајот на првото полувреме кога Манај не реализираше пенал.
За Србија ова беше почеток на квалификациите, а за Албанија веќе трет меч и четврти освен бод досега.