петок, 7 ноември 2025

Лекиќ му одговори на Пике: Јас сум Србин, не Хрват

Легендарниот Жерар Пикер го прогласи Дејан Лекиќ за најтежок напаѓач кој го чувал, но му ја утна националноста, офанзивецот сега го поправа.

Објавено на

часот

Сподели

Во еден подкаст, на прашањето кој е напаѓачот кој најмногу го намачил во кариерата, Пике се насмеа и даде неочекуван одговор: „Еден висок Хрват од Осасуна. Таа вечер тој заслужи Златна Топка“. (мислејќи на Србинот, Дејан Лекиќ.

Лекиќ се насмеа на одговорот на Пике и го поправи.

„Па да, за Шпанците ние од Балканот сите сме исти. Им реков, пренесете му на Пике дека сум Србин, но му благодарам што запамети барем дека сум висок“, рече Лекиќ.

Тогаш Лекиќ даде два гола за дваесетина минути.

„Секако дека убаво да се слушнат зборовите на Пике, тој е големо име, светски шампион. Но, тоа беше само еден натпревар“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ